Како голем обожавател на книгите, обичниот човек поминува часови во уживање во читањето, но тоа правило не важи за уметникот Џереми Меј – откако Меј ќе ги прочита книгите, тој создава уметнички дела од нив. Според него, овој тип на накит е далеку пооригинален од класичната изработка на злато, сребро или пак пластика, дрво; од причина поради која процесот на создавање на овој тип на накит има подлабока суштина и посилни емоции. Изведувањето на различни форми кои подоцна се обложуваат со сјај и им се додава малку боја, се достапни во колекција составена од прстени, обетки и ѓердани. Изненадувањето останува во веќе искористените книги кои подоцна може да се користат како кутии за самиот накит.