,,Spectrum’’ е најновото музичко видео кое англискиот бенд Florence + the Machine им го подари на своите обожаватели.
По петте видео екранизации кои ги реализираа во период од само една година, како за композициите од албумот ,,Ceremonials’’, така и за темата ,,Breath of Life’ (од филмот ,,Snow White and the Huntsman’’), популарната инди група овојпат нуди нешто посебно, кога е уметничката изведба во прашање.
Режисер на видеото е John Byrne, во соработка со прославениот фотограф David LaChapelle. Mногу блесок, балетски изведби и несекојдневни визуелни изданија на изведувачката Florence. Запрашана за идејата која стои зад спотот, таа вели: ,,Создадовме визуелно контролиран хаос. Нешто големо и шарено”. Погледнете го видеото за ,,Spectrum”.