Не барам чуда, ниту илузии, само сила за секој ден од животот. Научи ме како да ги правам малите чекори.

Направи ме внимателен и снаодлив, во разноликоста на секојдневието да дискутирам за откритија и искуства кои ме инспирираат.

Покажи ми како правилно да го распределам времето од својот живот. Дај ми продорен увид, да го разликувам значајното од небитното.

Те молам за јачина, да ме води воздржаноста и мерата, низ животот да не се лизгам, туку разумно да го одредам распоредот на денот, да ги забележам далечните врвови и пространства, да уживам во светлината и топлината, а понекогаш да имам и доволно време за уживање во уметноста и убавината.

Помогни ми да сфатам дека илузиите не ми се од полза. Ниту сеќавањата од минатото, ниту соновите за иднината. Дозволи ми да бидам овде и сега, и да го гледам сегашниот миг како најважен.

Заштити ме од наивното верување дека се во животот мора да мине глатко. Обдари ме со бистар ум, да увидам дека тешкотиите, поразите, разочарувањата и падовите се природен тек на животот, низ кој учиме и созреваме.

Потсети ме дека често срцето го замолкнува разумот.

Прати ми го во вистинскиот момент пријателот кој има сила да ми ја каже вистината, но тоа да го стори нежно и со љубов.

Знам дека решението на многу проблеми лежи во чекањето. Дај ми трпение.

Ти знаеш колку на сите нам ни е потребно пријателството. Направи ме достоен за овој скапоцен подарок на судбината.

Дај ми доволно мечти, во вистинскиот момент, и на вистинската адреса, во тишина или говорејќи, некому да му ја подарам потребната топлина.

Направи ме способен да браздам длабоко како брод, да успеам да ги досегнам оние кои се ,,долу’’.

Ослободи ме од стравот дека нешто ќе пропуштам во животот.

Не давај ми го она што го сакам, туку она што навистина ми е потребно.

Научи ме на уметноста на малите чекори.

* Антоан де Сент-Егзипери – ,,Mолитва”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативно уништување
Следна објаваНовите канцеларии на Adidas
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ