Направи сам задача за денес: повеќе од убедени сме дека дома Ви стои некоја непрочитана книга во тврд повез (која најверојатно Ви е наследство од баба Ви), а за која сте убедени дека никогаш во животот не би ја прочитале – можеби поради авторот, можеби поради тематиката, а можеби поради временската автодеструктивност на страниците. Денес, Ви презентираме една креативна идеја која ќе даде нов живот на Вашите книги.

Потребно Ви е:
* стара (неупотреблива) книга;
* цврст материјал кој ќе одговара;
* скалпел;
* машина за шиење;
* лепило;
* маркери во соодветна боја;
* рачки по избор;

Новата намена на старите книги е навистина фасцинантна – креативната идеја од неа да се направи уникатно модно парче на кое ќе се радуваат девојките првенствено поради vintage ефектот која истата би ја пружила, но и поради општествената парада на орнаменти и вкусови, со модерен акцент. Предуслов за реализирање на оваа идеја е незавидната состојба во која се наоѓа книгата која ќе ја жртвувате: погрижете се истата да не е употреблива, барем не до моментот кога ќе излезете со неа во јавност, носејќи ги најбитните работи со себе… (паричник, мобилен телефон, книга).

Во прилог, следува видео кое ја објаснува постапката чекор по чекор. Мал труд за голем ефект!

1

2

3

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦрно – бели фотографии | Noell S. Oszvald
Следна објаваФото на денот | Продавач на знамиња
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР