La Purificadora се наоѓа во историскиот центар Puebla, на патот меѓу Mexico City и Oaxaca. Сопственикот Carlos Couturier уредувањето на ентериерот го препуштил на архитектот Ricardo Legorreta. Црната и белата се единствените бои кои дозволуваат да се издвојат материјалите во ентериерот: камења од оригиналната градба, старо дрво, оникс и уникатни подни плочи како и фрагменти од употребени чаши и шишиња кои се интегрирани во целокупниот дизајн на хотелот. Сепак, овој минималистички пристап не го исклучува луксузот – тераса на кровот со 30 метри долг базен како и 26 гостински соби кои нудат спектакуларна гледка на градот кој е под заштита на UNESCO.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР