Промоција на книгата „ИЗБРАНИ ПЕСНИ од класичниот кинески поет Сӯ Шѝ’, приреден од д-р ИГОР РАДЕВ (во избор и препев од класичен кинески јазик, предговор и белешки), ќе биде одржана на ден 6.04.2023 година  со почеток во 19:19 часот во Салон (19:19)

📘 Книгата ќе ја промовира професор Владимир Мартиновски.

Во овој избор се објавени околу 150 песни, а во обемниот предговор д-р Радев дава детална анализа на поезијата на Сӯ Шѝ’,но и на општите естетски особености, посебно на формите на класичната кинеска поезија, како и на културната, општествената и историската средина, во која творел поетот.

Сӯ Шѝ’ (1037 – 1101) познат и како Сӯ То̄нг По̄е најпрочуениот поет од ерата на династијата Со̀нг (960-1279).

Тој претставува живо олицетворение на конфуцијанскиот идеал на сестрано култивирана личност, зашто Сӯ Шѝ’ освен по поезијата,  е познат по својата сликарска уметност, калиграфијата, есеистиката, политичката дејност, па и по научните иследувања. Славен уште за време на животот, по смртта неговата слава само нараснувала. Многу места низ Кина го чуваат споменот за него. Името му се памети како на еден од најистакнатите поети во историјата. И не само во Кина. Тој е попу­ла­рен поет и во Кореја и Јапонија.

Д-р Игор Радев-фото:приватна архива )

👤 Игор Радев (1977) е филолог, лингвист, синолог и преведувач од старокинески и кинески јазик. Дипломирал класични јазици на Филолошкиот факултет во Скопје, а магистрирал лингвистика и докторирал (доктор по кинеска филологија) на Нормал универзитетот во Пекинг, Народна Република Кина.Во круговите на синолозите го сметаат за еден од водечките синолози во Југоисточна Европа. Член е на меѓународната Книжевната мрежа на Појасот и патот, со седиште во Пекинг, како единствен македонски претставник.

Д-р Игор Радев има богат опус на преведени и препеани дела од старокинески и кинески на македонски јазик.Добитник е на кинеската државна награда „Кинеска награда за особен придонес во литературата“ (највисокото признание во Кина на книжевно-културно поле што може да биде доделено на странски државјанин), на наградата „Григор Прличев“ доделена од Сојузот на литературните преведувачи на Македонија за преводот од древнокинески на македонски, и на наградата на Град Скопје „13 Ноември“.

⇓⇓⇓

Фејсбук настан Културно информативен центар-Скопје

 

 

ЈУ Културно информативен центар – Скопје

НЕМА КОМЕНТАРИ