По повод  ‘Денот на пролетта’ и ‘Деновите на екологијата’ која е од ангажиран карактер, ќе биде отворена изложбата насловена со „Нашата визија за Алетрнативни живеалишта во хармонија со природата” во ГАЛЕРИЈА „КО-РА“ Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин”  наспроти Гимназија J.Б Тито во Центар. Оваа традиционална изложба, J.У Дом на културата, Кочо Рацин”- Скопје ја одржува повеќе од три децении, континуирано, со бројни еко хепенинзи, перформанси ликовни акции и разни мултимедијални проекти о објектот, салоните на Галерија „КО-РА“, но и надвор, често е и со учесници од други земји и од интернационален карактер, со што уметниците непосредно го даваат својот придонес во афирмацијата на оваа исклучително важна проблематика од примарно витално и глобално значење за сиот ареал ширум светот.

Помеѓу овогодишните учесници се: м-р Марија Светиева, Наим Исени, м-р Валентина Илијевска, Афердита Кики, м-р Петра Јовановска, м- р Назли Џан, м-р Наталија Пулејкова Радевска, м-р Шчипе Мехмети, Љупчо Бојаров, м-р Христина Зафировска, м-р Маја Танева, Билгаиб Кочишта Биге, м-р Жанета Радевска Спировска, Ангелца Стоиљковиќ, Мира Спировска, Ивона Велковска, Александар Ацо Таневски, м-р Борјана Ѓоргиевска, м-р Славица Танеска, Лиле Јовановски, Дијана Радевска Стојановска, Емилија Еми Норис, Гордана Каракашевска, Љубе Алексовски, м-р Билјана Билбилоска, Зулејха Али Зубери, Виктор Бранѓолица, Мартин Буровски, проф д-р Билјана Петановска Илиевска, Андријана Андреева/ Ани Соро, Тања Кузманоска, Ленче Коцевска, Сузана Арсова, Анита Огњановска, Дијана Петкова, Дејан Николов, Катерина Биновска, Катерина Сековска Анѓеловиќ, од сферата на дизајнот Невенка Туник Александра Вељановска, со „Avel Clothing and accessories”, енкаустика на Јорданка Мирковска, на сткало -проф д-р Ванѓа Радевска, а ќе бидат изложени и делата на Гордана Винчиќ (Шведска), Ванеса Герсајд од Велика Британија, Биккел од Холандија….Се очекува и претставувањето на Александар Петановски, и други студенти, професори, асистенти, од Факултетот за архитектура при Универзитетот Св Кирил и Методиј-Скопје.

НЕМА КОМЕНТАРИ