Mango во соработка со Alexia Putellas направи одлична хумана работа. Имено, Alexia Putellas е најдобрата фудбалерка во светот и пример за новите генерации.

Alexia Putellas и Mago создадоа маица на солидарноста од која сите приходи ќе ги донираат за проектите на Save the Children.
Како дел од иницијативата Goals, ќе помогнат во промовирањето на социјалната помош, образованието и спортот меѓу жените кои работат во текстилниот сектор и нивните деца во земји како Бангладеш и Турција.

Еднаквост, образование и напорна работа. Ова се основните вредности за кои фудбалерката Alexia Putellas верува дека треба да се промовираат за да се урнат старите бариери и да се изгради подобро општество. На почетокот на нејзината кариера, таа имаше малку женски примери, но поддршката од семејството и пријателите беше безусловна: „Ме направија таква каква што сум денес, а најважно ми е што знам дека се тука кога ми се најпотребни“.


Од првите игри во училишното игралиште до постојаните тренинзи, Alexia напиша историја, историја полна со успеси, но, и неуспеси. Досието на Каталонката е неспоредливо и го открива одлучниот карактер на жена која никогаш не престанала да се бори за она во што верува и која во секоја фаза научила дека е вистина, напорната работа носи награди.

Денес, Alexia е една од најважните женски примери на момчиња и девојчиња ширум светот, но нејзините победи не ја променија нејзината главна цел, која ја промовира  со соработки, како оваа: „Сакам да генерирам позитивно влијание врз општеството, се бориме за еднакви можности за новите генерации и промовираме дека не треба да размислуваме банално и стереотипно“.

 

Mango во соработка со Alexia Putellas направи маички со натпис: Girls should play with (dolls) whatever they want to – кои се продаваат по цена од 25,99 евра, а целиот приход од маиците ќе биде дониран во хуманитарни цели.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВи откриваме 4 причини зошто постојано сте гладни
Следна објаваЕгипетската актерка Самиха Ајуб испрати порака по повод Светскиот ден на театарот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ