Среќен меѓународен ден на жената. Денес низ целиот свет имаме можност да ги прославиме тешко стекнатите достигнувања на жените и да извршиме притисок за промена на многуте предизвици со кои сè уште се соочуваме …

Меѓународниот Ден на Жената и женскитe права и слободи, 8 март, не би требало да има симболичен статус и е многу повеќе од само подарување на цвеќе и слично. Тој претставува симбол на борбата на жените за економска, социјална и политичка рамноправност во општеството.

Почетоците на оваа приказна датираат на почетокот на XX век, во време на големите турбуленции во општеството, кое се повеќе го доживувало својот индустриски напредок, а во истовреме се зголемувала присустноста на различните идеологии помеѓу народот.

Токму поради сето ова, жените добиваат поттик слободно да го изразат своето мислење и да спроведат кампања со цел добивање на своите права и подобрување на сопствениот статус. 15.000 илјади жени излегле на улиците на Њујорк со барање поголеми плати, право на глас и помалку работни часови.

На 28ми февруари 1909 година на барање на Социјалистичката Партија на Америка по прв пат е одбележан Денот на Жената. Под закрила на Интернационалната Конференција на жените со седиште во Копехаген, Данска, Клара Цеткин го изнесува својот предлог за празнување на Денот на Жената, со една единствена цел а тоа е продолжување на борбата за женските права.

Clara Zetkin

Rosa Luxemburg

Германија, Данска, Австрија и Швајцарија се првите земји кои почнуваат да го празнуваат и тоа на 19ти март. Во Русија по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март запрвпат е прогласен за државен празник. Набргу по тоа се случува трагичен настан во фабрика на Менхетен каде во пожар животот го губат повеќе од 140 жени, главно емигрантки. Немилиот настан предизвикува уште пожесток отпор кај жените и така продолжува нивната борба за подобрување на условите за живот. Благодарение  на оваа борба осми март официјализаран како празник на жената, а нејзината борба за еднаквост, право на образование, здравствена грижа, безбедност и воопшто поголеми права продолжува и денес.

Република Македонија значително работи на сите полиња-економски, политички, социјални и здравствени, се со цел да се подобри и олесни животот на секоја жена во ова општество. Министерството за труд и социјална политика има формирано Сектор за еднакви можности со цел за унапредување на статусот на жените во сите области на општественото живеење и воспоставување на еднакви можности за жените и мажите, на национално и локално ниво. Секторот за еднакви можности преку соработка со надлежните институции во државата, како и во соработка со граѓанскиот сектор и со социјалните партнери активно работи кон промовирање на еднаквите можности на жените и мажите. Секторот е одговорен за спроведување на позитивната законска регулатива во Република Македонија, Законот за еднакви можности на жените и мажите и Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020. Превенцијата и заштитата од секаков вид на насилство и дискриминација претставуваат дел од активностите на Секторот. Република Македонија успешно ги следи и работи според следните меѓународни конвенции и декларации: Универзална декларација за човекови права Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените Европската конвенција за човекови права Конвенција за борба против трговија со луѓе и транснационален организиран криминал и Протокол од Палермо – Европската конвенција на Совет на Европа за борба против трговија со луѓе.

  • Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените
  • Европската конвенција за човекови права
  • Конвенција за борба против трговија со луѓе и транснационален организиран криминал и
  • Протокол од Палермо – Европската конвенција на Совет на Европа за борба против трговија со луѓе.

Во еднаквите можности на жените и нивните права влегува и женското здравје на кое што треба многу да се работи. Тоа преставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба  на жените која истовремено е детерминирана  од нивниот општествен и економски статус,како и од нивните биолошки карактеристики.Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и на ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и на приватниот живот.

Почитувани наши дами, тимот на Дивианартс ви го честита Меѓународниот ден на жената 8ми Март 

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,Мајчинство“ – Изложба по повод празникот на жената во Чифте амам
Следна објаваИзложба ,,Париски рефлексии 2″ во Национална галерија-Чифте Амам
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ