Најновиот проект на Македонскиот ЦЕНТАР ИТИ/ПРОДУКЦИЈА е ‘Драмски Инверзии’ ЧЕТИРИ ДРАМИ на авторката Симона Семенич (убавите види, убаво горат; 1981; ти си чудо; тоа јаболко, златно) во превод од словенечки јазик на Иванка Апостолова Баскар, (Едиција: Локативна инверзија).

СИМОНА СЕМЕНИЧ (1975) е драмска авторка, перформерка и едукаторка. Дипломирала на АГРФТ (Академија за театар, радио, филм и телевизија) во Љубљана, Словенија. Таа е добитничка на највисоката национална награда Прешерн за уметнички достигнувања. Таа е трикратна добитничка на наградата Грум, национална награда за најдобар драмски текст (2009 – 5момчиња.сл; 2010 – 24 часа; 2015 – седум готвачи, четири војници и три софии). Нејзините драми се преведени на дваесет и два јазика, објавени се и поставени се во повеќе земји во Европа, САД, Јужна Америка и Средниот Исток. Таа е авторка на повеќе наградени и номинирани драмски текстови: ние европските мртовци; вторпат; 43 среќни завршувања; ти не си заборавил, ти повеќе не се сеќаваш; јас, жртвата; небото; опуштена и многу други.

?Линк до нејзината официјална вебстрана. https://www.simonasemenic.com/front-page

? Фотографија: Симона Семенич

✍️Преведувач од словенечки јазик: Иванка Апостолова Баскар

?Едиција: Локативна инверзија

?Проект: Драмски инверзии

?Покровители: Министерство за култура на Р. С. Македонија

?Издавачи: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА

?Театарска илустрација: Иванка Апостолова Баскар

✍️ Лектор: Ирена Игњатовска

НЕМА КОМЕНТАРИ