Списокот на IN и OUT трендови може да ви помогне да изберете јакна за есен/зима 2023 година.

4 ЈАКНИ ЗА ЕСЕН/ЗИМА 2023 ГОДИНА: Доколку ги следите трендовите, време е да ги ставите овие модели на дното од плакарот

 Есента и зимата се незамисливи без топли и удобни јакни, бидејќи тие се основата на секој стајлинг. Затоа, доколку барате парче кое одлично ќе ви послужи во постудените месеци, знајте дека трендовите оваа сезона се малку поинакви.

Иако се чини дека овие денови не ни се потребни потопли јакни, трендсетерките кои не препуштаат ништо на случајноста веќе се во потрага по јакни кои несомнено наскоро ќе ни бидат потребни.

Иако веќе неколку сезони најпопуларни се капути, јакните имаат и свои предности бидејќи се многу практични и топли, а одлично се комбинираат со тренди макси здолништа и моторџиски чизми. Како што се менуваат трендовите, до неодамна најпопуларните јакни беа заменети со други модели.

Во продолжение дознајте кои јакни се in, а кои out:

IN се јакните со додаток на шал, а OUT се оние со подигната јака-крагна

IN се јакните од волнени материјали, а OUT се оние со сатенски сјај

IN се јакни со крзнени детали, а OUT со детали на реси

IN се паф моделите, а OUT се парка јакните

НЕМА КОМЕНТАРИ