Синиша Новески (1978) – македонски и светски афирмиран познат и признат скулптор е овогодишниот добитник на двете престижни награди, а тоа се: наградата „Константин Мазев – Коце“, која што ја доделува Културно-информативниот центар во Скопје, му беше доделена на Новески на изложбата „Уметничко творештво од мал формат“ за скулптурата ,,Липсан”. ИзложбатаМал формат“ ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија и втората награда за најдобро вајарско дело „Семејство откорнати“ изработена во бронза којашто ја доби на „Годишната изложба“ 2022 во Скопје ,и ја доделува Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

 

Убедливоста на формата, техничкиот пристап, беспрекорните форми, играта на светлината и сенките на драперите во делата на овој вешт ‘каменичар’ го поттикнува просечниот набљудувач да открие нешто повеќе од просечното гледиште на нештата. Синиша во своите дела користејќи  ги сите фрагменти и разни геометриски форми гради интимна приказна во своите колосални творевини.

Благодарни сме на Синиша што ја прифати нашата понуда да ни одговори на неколку прашања и воедно му ги честитаме наградите со искрени желби за понатамошно создавање на уште многу дела.

Дивианартс: Синиша, дали помните кога и како тргнавте во остварување на вашиот сон – да се занимавате со уметност.

– Љубовта кон уметноста ја имам уште од мало дете каде преку игра спонтано почнав да користам тридемнзионални предмети за градење на објекти во просторот, а во гимназијата во Македонски Брод се одлучив да го победам најголемиот непријател на човекот времето преку уметноста поточно преку скулптурата која останува вечна и му пркоси на времето и со запишувањето на Факултетот за ликовна уметност во Скопје на отсекот скулптура веќе почнав да се занимавам професионално со скулптурата до денес.

Дивианартс: Уметникот е човек кој работи во своето “одредено” време. Користејќи ги искуствата од минатото и класичните материјали, тој сепак припаѓа на својата возраст. Денешната уметност низ светските плоштади и згради се различни од оние на ренесансата, барокот или Арт Нуево. Вашиот ракопис е добро познат и препознатлив, а вашата лична трага е она по кое може да се суди дека создавате колосални дела, кажете ни што ја поттикнува вашата инспирација.

– За уметникот е многу важна инспирацијата и мотивот за работа .Јас инспирацијата ја најдов и ја барам во македонската историја традиција и фолклор на почетокот на моето творештво. Дипломирав со апстрактни скулптури, а магистрирав со уметнички инсталации инспирирани од екологијата, музиката и природата. Подоцна главниот мотив ми беше човекот и неговиот живот. Фигурацијата е доминантна во моите скулптури Последниот мотив на кој работам на моите скулптури е семејството, каде како автор сакам да вметнам неколку уметнички стилови во моите скулптури меѓу кои се симболизмот, кубизмот, надреализмот и ленд артот, но сепак да се види мојот индивидуален стил како препознатлив.

Дивианартс: Уметникот учи од претходните дела, епохи… Спознанието доаѓа преку цели цивилизации благодарение на монументалните уметнички дела. Уметниците од 20 век знаеле да најдат водич за сопственото изразување преку откривање на старите вредности. Дали Вие имате свој “водич”.

– Јас освен што сум скулптор се занимавам со историјата на уметноста и тешко ми е да одвојам еден скулптор водич, но би издвоил неколку Микеланџело, Бернини, Огист Роден, Хенри Мур и некако сепак мој идол е Иван Мештровиќ.

Дивианартс: Во вашите скулптури ја додавате потребната боја и покрај различните материјали, набљудувачот се наоѓа во целосна опсада на сетилата. Восхитувачки. ? Колку време ви е потребно да реализирате во целост една скулптура, од идеја па се до финализација на истата.

– Најважна за мене е идејата која покасно треба да се развива во неколку фази од цртеж, изведба во глина, гипс па потоа авторот ја спрема замислата и финансиските можности се одлучува дали ке биде во некој траен материјал бронза, мермер, метал или дрво. Конкретно не можам да ви кажам колу трае процесот на изведба кој исто така зависи и до глемината на скулптурата, сепак за моите скулптури кои се во галериски формат треба околу месец дена за изведба на една скулптура.
Дивианартс: Дали имате омилен скулптор на кој му се восхитувате и дали старите мајстори со своите дела можеби Ве збогатуваат, исполнуваат, комплетираат во одредена смисла….

– Како што кажав и предходно мој омилен скулптор е Иван Местровиќ во фигуративната скулптура, а додека во апстракната скулптура е Хенри Мур. Но, како епоха каде се создадени голем број на скулптури е Југословенската скулптура каде што имаме голем број на познати скулптори како што се Душан Џамоња, Воин Бакиќ ,Миодраг Живковиќ, Димо Тодоровски на кои им се восхитувам.

,,За мене убавината не е она што го гледате кога гледате скулптура, туку она што го чувствувате. Во уметноста нема правила, а не постои ниту строго дефиниран процес за создавање скулптура. Уметникот е свој господар и си создава свој свет како што сака и како што го знае”.

Синиша Новески

НЕМА КОМЕНТАРИ