Ве информираме дека во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбениот салон – Империјал 1, вторник на 2 ноември во 20:00 ч. ќе се отвори традиционалната изложба ЛИКОВНО ТВОРЕШТВО МАЛ ФОРМАТ 2022.

Малиот формат како творечки предизвик претставувал честа  практика на сликарите и скулпторите. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 претставувала искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата како што се Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, и на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големото платно во помалата мерка.

На отварањето на изложбата Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе додели една награда за Мал формат.

За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 12.11.2022 год.

Извор >>КИЦ

 

НЕМА КОМЕНТАРИ