На 3-ти септември со почеток во 20.00 часот во НУЦК Центар за Култура-Куманово ќе биде изведена премиера на претставата ‘Ковачи’ во режија на Дејан Дамјановски која нема да ве остави рамнодушни, претстава на која сме сигурни дека ќе уживате.

Денес сме сведоци на еден „култ“ кон среќата. Како постојано да ја бараме во секојдневните задоволства – храната, спортот, сексот, религијата, новите философии. Постојат цели индустрии кои ни продават „среќа“ – од „селф хелп“ индустријата, преку козметичката, до филмската.
___________________

Актерска екипа:
– Антонио Димитриевски
– Кети Дончевска – Илиќ
– Горан Илиќ
– Нина Максимова
– Жарко Јовановиќ
– Давид Илиќ
– Марко Трајковиќ
– Автор – Алек Попов
– Режија – Деан Дамјановски
– Сценограф и дизајн на плакат – Филип Јовановски
– Костимограф – Елена Вангеловска
– Драматрург – Зоран Зафировски
– Асс. сценограф – Крсто Богојевски

Билети во продажба од среда, 31 август на билетара во Центар за култура Куманово.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ