На 28 август, недела, од 15:30 до 18 часот ќе се одржат две работилници за деца од 9 до 13 години. Работилниците ќе ги водат Ненад Тонкин, Барнара Прегељ и Доротеј Нешовски и ќе се одржат во рамки на книжевниот фестивал „Друга приказна“.

? 28 август (недела)
?‍♀️?Возраст: 9-13 години

15:30 СЕТИЛНА ИМАГИНАТИВНА ЛАБОРАТОРИЈА – цртање и моделирање ликови преку звук, мирис, допир, слика и збор.

? Опис: Детска работилница во која, преку прикажување слики од разни објекти, допирање покриени предмети и употреба на зборови во замена за слушнат звук или почувствуван мирис, ќе се поттикне и развие детската креативност и имагинација. Целта на работилница е употребувајќи го искуството од претходните вежби и истражувања децата со помош на цртеж или моделирање да создадат имагинативен лик / ликови за измислена приказна.

17:00 ЧИТАЊЕ ДОДЕКА СИ ИГРАМЕ? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра

Дали можеме да се забавуваме читајќи поезија?

Во оваа работилница ќе ја читаме поезијата за деца на Федерико Гарсија Лорка. Во тоа ќе ни помогнат илустрациите на Габриел Пачеко, музиката и еден шпански збор што ќе го научиме на работилницата.
Дали сте подготвени да ни се придружите?

Задолжитена пријава на: drugaprikazna.festival@gmail.com

Работилниците ќе ги водат Барбара Прегељ заедно со Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски.

Извор 》》Издавачка куќа Темплум

НЕМА КОМЕНТАРИ