ИЗЛОЖБА ЗА МИЛТОН МАНАКИ

?? Државниот архив – одделение Битола, во соработка со колеги од Државниот архив на Република Северна Македонија, подготви сеопфатна изложба за животот и делото на Милтон Манаки насловена: ,,140 години од раѓањето на Милтон Манаки“.

На отворањето на изложбата, кое ќе биде на 21 август 2022 година (недела), во 20:00 часот, во малата сала на НУ Завод и музеј – Битола, ќе зборуваат: министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и раководителот на одделение Битола, Гоце Стојановски.

??? Оваа изложба, што ќе трае до 26-ти август, всушност, е во рамките на програмата на овогодишното 43-то издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера ,,Браќа Манаки” и е поддржана од Министерството за култура, а е во соработка со НУ Завод и музеј Битола.

НЕМА КОМЕНТАРИ