На 19-ти август, во 21 часот, во Велестово, ќе започне 34-то издание на  Поетска ноќ во Велестово со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска. За нејзиното богато поетско творештво ќе говори Сашо Огненовски, додека специјални гости и оваа година ќе бидат семинаристите што ја посетуваат 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Oд 22 часот, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово ќе биде отворена ликовната изложба на Никола Пијанманов ‒ „Плачот на Адам“ 
 
 
Никола Пијанманов е еден од најплодните и сестрани современи ликовни уметници во Македонија. Роден е во 1981 година во Струмица. Своето ликовно образование го почнал во Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“, а го заокружил на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Првата изложба „Илуминации“ ја работел инспириран од поезијата на Михаил Ренџов во 2007 година во НУБ „Св. Климент Охридски“, потем со „Крст од Топола“, во март 2008, се претставил во МКЦ, за да „Мирисот на времето“ се случи едно лето подоцна во Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица. Истата 2009 година своите слики и ги претставил и на ликовната публика во родниот град, а во Скопје, во Музејот на градот, се во 2012 со „Исчезливо“. Следуваат едно подруго „Ризата на Саломе“ во Ликовниот салон на Народен музеј Велес, „Илуминирани книги“ во Галерија на музеј – Струмица и „Остатоци“ во НУЦК „Антон Панов“. Учесник е на повеќе групни поставки и колонии во земјава и во странство.
 Никола Пијанманов (фото-приватна архива)

 
 
 
 

НЕМА КОМЕНТАРИ