Оваа година плоштадот Гоце Делчев во Битола ќе биде претесен за посетителите. По пауза од две години поради пандемијата, ќе се случи 10-тото јубилејно издание на ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО – Бела ноќ Битола на 26 и 27 август (петок и сабота).

?Програмата ќе биде за сечиј вкус. Првата вечер, на 26ти август (петок) ќе настапат милениците на Битолската публика – БИТОЛСКИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР, заедно со Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Нико Ѓеоргиевски, Ирена Димовска, Виктор Апостоловски, Дј Љубиша, а ќе има и едно изненадување на вечерта.

? Втората вечер на 27 ти август во сабота свој настап ќе има мега популарниот (светско, а наше) КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ. Претходно, атмосферата ќе ја загреваат Дј Љубиша и Дј Ацика.

НЕМА КОМЕНТАРИ