Отскокни и ти!

Скопскиот поетски фестивал‘, чиешто второ издание ќе се одржи од 29 август до 1 септември, од годинава организира преднастан насловен како „Отскочна даска“ ‒ поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена. Настанот ќе има натпреварувачки, но ферски карактер. Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе си го одберат победникот што ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ, на 30 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, и ќе чита заедно со другите учесници на фестивалот.

?‍??‍?Ако сте на возраст од 16 до 25 години и сакате да учествувате на „Отскочна даска“, испратете ни две ваши песни на мејлот contact@spf.mk најдоцна до 10-ти август.
Имињата на одбраните натпреварувачи ќе бидат објавени на Фејсбук и Инстаграм страниците, а читањето ќе се одржи во кафе книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток од 20 часот.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од кафе-книжарница “Буква” и од Младинскиот културен центар – Скопје.

Извор>>Скопски Поетски Фестивал

 

НЕМА КОМЕНТАРИ