♟️ ШАХОТ е сè уште популарна игра ширум светот, истиот се третира со особена сериозност во Источна Европа. На пример, Бугарскиот национален олимписки комитет лобираше шахот да биде признаен како олимписки спорт. Во септември 2011 година, Ерменија го направи шахот задолжителен училишен предмет за сите деца на возраст над шест години.

Една неодамнешна психолошка студија покажа дека шахот е поврзан со  „когнитивните способности, како и со способности за справување и решавање проблеми, па дури помага и при социо-афективен развој кај децата“. Се разбира, бидејќи ова беше опсервациско истражување, врската може да се должи на некој трет фактор или можноста паметните, зрели деца да се посклони да играат шах.

Шахот е метафора за животот

„Шахот тренира логично размислување. Тој учи за донесување одлуки, тренира меморија, ја зајакнува волјата, ги мотивира децата да победат и ги учи како да се справат со поразот. Тоа е единствениот училишен предмет што може направи се“. Не само што шахот помага во тренирање на мозокот, туку и ги учи децата на основните животни вештини. Во Ерменија во училиштата ги учат децата на реалноста – понекогаш и да  губат. Тоа е важна лекција и треба да се научи на млада возраст.

Она што го прави шахот толку фасцинантен е тоа што никогаш не се играат две партии на ист начин.

НЕМА КОМЕНТАРИ