Сите зборуваат за серијата „ „And Just Like That“, вклучувајќи ги и оние од индустријата за недвижнини.

Долгоочекуваното продолжение на серијата „Сексот и градот“ откри провокативна приказна, облека која ги поставува трендовите и мноштво прекрасни имоти – вклучувајќи го и овој дом кој моментално е на пазарот за недвижнини.

Станот од почетокот на дваесеттиот век, кој е еден од најдобрите домови во светот, се наоѓа во познатата зграда Woolworth (дизајнирана од архитектот Кас Гилберт).

Сепак, ова не е прв пат HBO да го користи станот за снимање на серии. Домот, познат како Павилјон А, неодамна беше користен и во „Succession“ како резиденција на Кендал Рој (го игра Џереми Стронг).

Издигнувајќи се на 29-тиот кат, павилјонот А е дел од неоготската знаменитост, дизајнирана за претприемачот Ф. В. Вулворт. Зградата е позната како „Катедрала на трговијата“, меѓутоа, нејзините модерни ентериери се подеднакво импресивни. Со луксузна монохроматска палета и незаменливи архитектонски добра, идеите за уредување на станот го отелотворуваат гламурот на Парк Авенијата – и покрај неговата позиција во центарот на градот.

Додека контрастната шема на бои создава модерна естетика низ домот, просторот зачува дел од својата безвременска убавина.

Станот од 670 квадратни метри има пет спални соби. Главниот апартман со приватна кујна обезбедува појадок со поглед на центарот на градот.

Станот сега е на листата на Sotheby’s International Realt по цена од 23 милиони долари.

НЕМА КОМЕНТАРИ