Луксузниот моден бренд Michael Kors ја ангажираше супермоделката Kendall Jenner да ја предводи кампањата Michael Kors пролет/лето 2022 година.
Фотографирана на покривот на Prospect Tower во Менхетен од прославеното фотографско дуо Inez van Lamsvird и Vinud Matadin, кампањата дава гламурозен поглед на родниот град на дизајнерот, а истовремено му оддава почит на Њујорк кој претставува спој на романса и сила.
На рекламните фотографии Kendall позираше во црн фустан со секси деколте, бел фустан од тантела и костум составен од црн блејзер и кроп панталони.
„Кога размислувам за она што трае, тоа е љубовта – романтичната љубов, но и љубовта кон пријателите, семејството и мојот град“, рече Kors во соопштението за печатот. „Со оваа кампања сакавме да ја оживееме урбаната романса, уникатната сила на Њујорк со љубовта што ја инспирира одново и одново.