Ако сте многу богати, сега можете да поседувате дел од италијанската (и холивудската) историја.

Трилогијата „Кум“ на Френсис Форд Копола е едно од најпознатите и најпопуларните дела на филмската уметност некогаш направени. И сега, можете да го поседувате прекрасниот италијански замок кој е истакнат во третиот дел од франшизата.

Неверојатниот имот, познат како замок на семејството Pennisi, се простира на огромни 4305 квадратни метри и е навистина погоден за (холивудски) кралски семејства. Историјата на големиот имот датира од крајот на 19 век, кога баронот Pennisi го покани архитектот од Палермо, Џузепе Матрикол, да изгради вила за неговата богата колекција на уметнички дела.

Резултатот беше еклектичен нео-готски објект составена од три двокатни згради и две кули. Импресивниот замок се карактеризира со неверојатни мермерни скалила, високи тавани и камени заоблени столбови. Повеќето форми на арки придонесуваат за чудната атмосфера на овој уникатен имот, додека геометриските обрасци во златна и сина боја се граничат со таваните, а византиските украси и слики ги исполнуваат ентериерите.

Замокот има 22 спални соби, осум бањи, винарска визба, уметничко студио, библиотека, мала капела (украсена со фантастични фрески од Џузепе Шути) и два големи балкони со поглед на бујниот парк.

Тоа е имот кој изразува силен карактер и ужива огромен потенцијал, поради својата историја, локација, архитектура и простор“, напиша шефот на компанијата за недвижности Residential Italy. “Откако ќе се реновира, може да се прилагоди на различни потреби и модерни вкусови. без промена на оригиналната структура“.

Имотот стар 140 години за чудо го преживеал разорниот земјотрес во 1908 година кој ја потресе јужна Италија и го уништи сицилијанскиот град Месина. За време на Втората светска војна, британската армија го бомбардирала Ачиреале, мало крајбрежно гратче во кое се наоѓа замокот, но повторно имотот не претрпел никаква штета. Живописниот град има многу историски места, вклучувајќи ја и најстарата уметничка академија на Сицилија и поглед на Јонското Море.

La Dolce Vita …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГолемиот италијански бренд Italchimica за прв пат влегува на македонскиот пазар
Следна објава„Украдете“ впечаток на прв поглед – најмодерни бои и како да ги носите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ