„Украдете“ впечатоk на прв поглед! Новата година со себе носи нови трендови, кои сите вљубеници во модата со нетрпение ги очекуваат, сакајќи да ги вклопат во секојдневните комбинации на облека. Освен дизајнот, нашето внимание е насочено и кон боите кои ќе не придружуваат не само во зимските, туку и во пролетните денови. Боите се многу важни, бидејќи имаат магична способност да ја променат динамиката и на наједноставниот стајлинг. Дали сакате да ги следите трендовите и да останете во тек? Продолжете да читате и откријте ги трендовските бои во галеријата кои ќе ве претворат во вистинска трендсетерка! 
Нова сезона – нови бои

VERY PERI

Пред извесно време, Pantone Color Institute ја најави Very Perry како нијанса која ќе не окупира оваа година. Виолетовата, доминира веќе неколку сезони, па таков избор беше речиси очекуван. Единствена сигурна работа е дека на вашиот стајлинг ќе  додаде многу стил. Ќе ја најдете на сите парчиња, од јакни до блејзери, фустани, здолништа и модни додатоци. Можете да создадете тотален виолетов изглед, но и да го комбинирате со неутрални нијанси, како што се бела или сива за „помирен“ изглед.

БОРДО

Во случај да сакате да излезете од зоната на удобност, ви предлагаме да ја тргнете на страна облеката во сива, беж и кафена боја и да го освежите вашиот стајлинг со бојата на виното. Оваа боја пред неколку години предизвика интерес кај љубителите на модата, а како што покажува, таа остана во тренд до ден денес. Не двоумете се да инвестирате во џемпер во оваа нијанса за најстудените зимски денови. Совршено се вклопува со вашите фармерки и темносините тонови кои доминираат. Од друга страна, бордо кожни модели, како панталони, ќе остават впечаток, без размислување.

РОЗОВА

Таа го направи највпечатливиот кам-бек што се случи во последните сезони. Некогаш синоним за Barbie, таа се врати подинамично од било кога и заслужено ја освои една од најважните позиции во нашата гардероба. Инфлуенсерите не ја пропуштаат можноста да вклучат облека и модни додатоци во оваа светла боја во своите гардероби. Розовата боја може да се носи во сите прилики од лежерен до поформален изглед. Добро оди со подеднакво светли бои, како жолта, зелена, сина, портокалова и црвена. Ако сè уште не сте го пробале, не губете повеќе време. Ќе ви се допадне.

ЗЕЛЕНА

Даниел Ли не натера да ја засакаме зелената боја повеќе од која било друга боја, преку неговата колекција за италијанската куќа Bottega Veneta. Оттогаш не сме „задоволни“ само да ја гледаме, туку смело да ја носиме. Хармонично се спојува со многу нијанси, смели и неутрални и дефинитивно ќе и даде многу позитивни поени на вашата облека. Ние сакаме зелени додатоци како чанти и чевли. Направете стајлинг во неутрални тонови и надополнете го со пар зелени чизми!

БЛОК БОИ 

Многу жени не сакаат да ја прифатат комбинацијата на смели бои бидејќи сметаат дека е тежок и напорен процес. Сепак, “color blocking” ќе ве претвори во врвна модна икона, бидејќи е еден од најголемите трендови во новата година. Постојат многу начини да го постигнете тоа, во зависност од вашиот стил и карактер. Ако за прв пат стапите во контакт со него, обидете се да комбинирате различни тонови со иста боја. 

МАЛКУ ЦВЕЌЕ

Покрај боите, важни се и дезените. Невозможно е да не се нагласи дека цвеќето посебно ќе не окупира во наредните месеци. Цветните дезени се идеална можност за лесно интегрирање на боите во вашиот изглед. Оваа зима, на пример, инвестирајте и импресионирајте со цветен, препознатлив капут.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСицилијанскиот замок од филмот „КУМ“ сe продава – погледнете внатре!
Следна објаваМаса за кафе со електричен камин „Огниште“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ