Празничната трпеза е незамислива без познатите бомбици. Постојат безброј рецепти за овие мали, тркалезни, слатки колачиња, а се прават многу лесно.

Состојки:

  • 250 гр суви сливи (без семки)
  • ванилин шеќер
  • 100 гр.посни бисквити
  • 100 гр. шеќер
  • 50 гр. мелени лешници
  • 50 гр. мелени ореви
  • 100 мл сок од портокал
  • рендана кора од портокал
  • 2 лажички арома на рум

Подготовка:

Целиот потребен материјал се меле или ситно да се исецка. Масата не мора целосно да се дроби, доволно е да може да се формираат топчиња. Со раце, малку подмачкани со масло, формирајте топчиња со големина на орев, наредете ги во хартиени корпички и оставете да се изладат и стегнат во фрижидер. Ако мислите дека смесата е премногу сува, слободно додадете уште сок од портокал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубави 22 елки сместени во врвните хотели низ светот
Следна објаваСиднеј: Гламурозен ентериер во куќа на плажа
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ