Многумина од нас ја накитија својата новогодишна елка, а за вас кои сè уште не сте го накитиле својот бор, решивме да ги најдеме најубавите украсени елки кои ќе ве инспирираат во декорирањето на вашата новогодишна елка.

Како и за сè, така и украсувањето на елка е прашање на вкус. Некои сакаат минимализам, додека други сакаат раскошни новогодишни елки.

Порано на елките преовладуваа црвената, златната и сребрената боја, додека денес се многу модерни пастелни бои, односно мат лампиони и розова боја.

Исто така, денес е модерно украсувањето на елката да се вклопи со декорацијата на просторот.

Кога украсувате новогодишна елка, важно е таа вам да ви е убава и да служи како убава позадина за сите празнични дружења.

 Дозволете вашата фантазија да ве води и украсете ја елката по ваш вкус.

НЕМА КОМЕНТАРИ