Орландо Сорија е еден од најуспешните дизајнери на ентериери на ова време. Истакнувајќи се со посебна естетика, декораторот се разликува по начинот на кој се однесува кон животот и луѓето, преку неговата уникатна работа.
Гледајќи ги ентериерите на неговиот прекрасен дом во Калифорнија, можеме да ја видиме неговата страст за природни материјали и начинот на кој обично ја поврзува внатрешноста на куќата со надворешните услови.
Ова е куќа во која тој избира да го поминува времето главно во зимските месеци, бидејќи ова не е негова главна резиденција.
Изградена е на позадина која дава чувство дека е излезена директно од страниците на бајките, а причината е прекрасниот планински пејсаж кој доминира околу куќата. Едноставна и во исто време импресивна, куќата е претворена во идеално место за зима, нудејќи посебно искуство на мир и неверојатно пријатен престој.
Како љубител на новогодишните и божиќните празници, Орландо ги украси своите простории за да го дочека најсветлиот период од годината. Секоја година неговиот избор ги инспирираат љубителите на празничниот декор, а тој останува верен на елегантната декорација базирана на природата. И оваа празнична сезона, неговите лични простори „мирисаат“ на Божиќ на најелегантен и дискретен начин, совршено прилагодени на денешницата и најактуелните трендови на сезоната.
Она што станува јасно од првиот момент е дека тој избрал многу природни елементи, како гранки и дрво, со кои ја создал основата за својата декорација. Повторно доминираат земјените тонови, кои убаво се усогласуваат со останатиот дел од ентериерот. Последно, но не и најмалку важно, дизајнерот на ентериер не пропуштил да ги пополни празнините под дрвјата со подароци кои многу внимателно ги завиткал и кои ќе им ги подари на своите најблиски.
Како што рече, процесот на размена на подароци е нешто што со радост го памети од детството, поради што со нетрпение чека да подарува и ја чува оваа традиција да не биде заборавена.