Моментот кога Pantone ја објавува бојата на годината е онoj кој сите со нетрпение го очекуваме и кој одекнува низ целиот свет со брзина на светлината.
Ви носиме добри вести бидејќи светски познатиот институт за боја штотуку го кажа своето – бојата на 2022 година е Very Perry. Станува збор за впечатлива нијанса на сино-виолетова, поточно сина со примеси на виолетово-црвена боја. Според Институтот Pantone, оваа боја поттикнува имагинација и креативност, предизвикува радост, храброст и духовитост кај луѓето.
Very Perry нè потсетува на безгрижна самодоверба и храбрата љубопитност, ни помага да го разбереме новиот, променет пејзаж на можности, отвора нова визија за нас додека повторно го започнуваме своите животи. Таа укажува на иднината во ново светло“, велат од институтот.