Ако се потсетиме на успешните дизајнери на новата генерација, тогаш Николас Обејд сигурно нема да отсуствува од листата.

Активен во областа на архитектурата веќе неколку години, тој многу добро знае да заземе свој личен став во секој проект што го презема. Неговиот интерес за дизајн е поврзан со исклучително интересна мешавина на различни стилови – од винтиџ до модерен и од еклектичен до минималистички.

Лондон е неговата база и неодамна се обврза да дизајнира стан во „срцето“ на градот. Станува збор за стан во сопственост на младо семејство, кое со години живее во едно затскриено село во Англија.

Откако долго време ја проучувале работата на дизајнерот, сопствениците заклучиле дека најдобро е повторно да му дадат „живот“ на овој стан кој неколку години бил празен. Од самиот почеток веруваа дека ќе создадат целосно функционална средина во која ќе поминат неповторливи моменти на релаксација со своите деца, а и тоа се случи!

Откако детално го испитал просторот, дизајнерот решил да создаде тотален амбиент кој се издвојува по своите mix & match елементи, комбинирајќи импозантни материјали кои веќе постоеле во архитектурата со векови и ќе продолжат да постојат – како мермер – со ултра модерни линии за суштинската удобност.

Сега просторите се карактеризираат со непретенциозен луксуз од изминатите децении, кој денес е исклучително избалансиран. Впечатливи се прекрасните украси, големите уметнички дела на ѕидовите, сложените елементи кои ја красат секоја површина, експресивниот карактер на некои места и успешното спојување со бои и текстури на софи и кревети.

Гледајќи го резултатот, можеме со сигурност да кажеме дека финесата и удобноста се главните носители на овој стан. Платно во земјени тонови кои добива димензија со интензивни тонови, златни детали кои даваат елегантен карактер, но и меки ткаенини на килимите, софи и кревети го прават станот ултимативен есенски простор на кој секој би позавидил.

Користејќи го сето горенаведено, создаден е удобен простор со интензивни земјени тонови и уметнички дела кои ја покажуваат нивната љубов кон уметноста. Сето ова придонесе да се обезбеди идеален удобен простор за зимските месеци, со прекрасен поглед на централните улици на Лондон.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваManolo Blahnik прослави 50 години работа со сјајна колекција на златни чевли
Следна објаваШто да подарите за празниците кои следат – идеи за најдобри подароци
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ