Kravitz Design се здружи со CB2 за да ја претстави новата линија на мебел и додатоци за домот.
Leni Kravitz не е само музички изведувач, туку и успешен дизајнер. Од 2003 година, неговата компанија Kravitz Design дизајнира ентериери и создава колекции за различни брендови. Неговото портфолио вклучува свеќници за Swarovski, дизајн на соби во хотелот SLS Hotel Miami Beach и низа проекти за внатрешен дизајн, од луксузни пентхауси до приватни домови. Во септември оваа година, Kravitz Design ја претстави соработката со брендот CB2 – линија на мебел и додатоци за домот.

„Во мојата нова колекција бев инспириран од неверојатните места кои ги посетив за време на патувањата, луѓето и предметите што ги запознав таму“, вели Leni. Колекцијата комбинира студен метал со топли природни материјали – орев, ратан, кадифе, бел даб. Kravitz Design и CB2 посветија посебно внимание на моделите на ткаенините кои беа инспирирани од африканскиот текстил. Колекцијата на мебел вклучува парчиња мебел како кревети, столици, фотељи и комоди, како и текстил, светилки и додатоци за домот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКолекцијата на Шанел претставена пред елитна публика во Дубаи
Следна објаваБоја на топло чоколадо: најпосакувна нијанса за оваа есенска сезона
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ