Cruise колекциите најчесто се претставуваат на интересни дестинации, а овој пат тоа беше градот Дубаи. Оваа недела, култната француска модна куќа Шанел привлече многу гости и познати личности да ја погледнат најновата Cruise колекција на брендот, на модната ревија во Дубаи, одржана во пристаниште украсено со бели настрешници. Колекцијата Chanel Cruise 2021/22 е инспирирана од пријателството на Габриел Шанел со францускиот режисер Жан Кокто, поточно со еден од неговите црно-бели филмови од 1960 година.

Креативниот директор Вирџинија Вијар создаде колекција која го отсликува модерниот и панк сензибилитет со парчиња кои вклучуваат употреба на кожа, реси, бисери, светки и неизбежниот твид.

Колекција вклучува и штеповани кожни чанти, како и Мери Џејн чевли и чизми со златни врвови.

Меѓу гостите беа амбасадорка на брендот Пенелопе Круз, Џон Леџент, дизајнерката Амина Муади, како и неколку филмски ѕвезди од арапското говорно подрачје.

Во галеријата погледнете ги најубавите изданија од овогодинешното Cruise модно шоу на француската куќа Шанел.

НЕМА КОМЕНТАРИ