Eduardo Mapeli Moci e глобално познат како сопруг на принцезата Беатрис – внука на кралицата Елизабета – сепак, тој има подеднакво престижна репутација во светот на недвижностите.

Eduardo, програмер и основач на студиото Banda, го претстави најновиот проект – пентхаус во Лондон, кој моментално се продава по цена од 6,9 милиони фунти (9,47 милиони долари). Станот е опишан како еден од „најновите и највозбудливите проекти во центарот на Лондон“ – и еден од најдобрите домови во светот.

Пентхаусот се наоѓа на петтиот кат во зграда од средината на деветнаесеттиот век со прекрасна фасада. Сепак, иако надворешноста е нешто на кое треба да се обрне внимание – ентериерите се уште поинспиративни.
Прво, при влегувањето во станот ве очекува голем ходник кој води до отворената дневна соба. На влезот е изложена колекција на уметнички дела, вклучувајќи  скулптура од свила поставена на ѕидот од уметниците Урсула Ниструп и Лоте Хенриксен.

Дополнително, станот од 230 квадратни метри може да се пофали и со дополнителна приватна тераса на покривот од 50 квадратни метри која делува како мала градина која има способност да ги замагли границите помеѓу внатрешноста и надворешноста. „Со својата приватна, пространа тераса, сопствениците можат да уживаат високо над Нотинг Хил и целосно да се потопат во чувството на целосна смиреност“,  изјави Eduardo Mapeli Moci за новиот простор за живеење, кој вреди неверојатни 9,47 милиони долари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПатувања: 6 најдобри дестинации за 2022
Следна објаваEсенските трендови ни нудат можност да ги задржиме ноктите во центарот на вниманието!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ