Актерот е сопственик на една од најубавите куќи во популарниот калифорниски град.
Мел Гибсон е еден од познатите актери кој покрај кариерата во Холивуд, се занимава и со недвижнини, решил да инвестира во куќи и да го прошири своето богатство на 425 милиони долари.
Актерот има домови во различни земји, од Австралија и Костарика до Фиџи и Америка.
Во Малибу, во 2008 година, тој купи една од најромантичните куќи во областа, која со љубов ја реновираше, нагласувајќи ги нејзините класични елементи. Сега се продава по цена од 14,4 милиони долари.
Вилата има ограден влез со долга патека која води до куќата. На самиот влез во куќата ќе ве пречека двокатно фоаје кое се отвора кон големата дневна соба со таван украсен со дрвени греди.Главните карактеристики на декорацијата се темни дрвени подови, француски балконски врати и големи лустери.
Куќата има пет спални соби, пет бањи и голема кујна со мермерни површини. Во оваа луксузна вила има и теретана, канцеларија и трпезарија. 
Дворот на вилата е опремен со пергола со надворешна трпезарија со прекрасен поглед. Градината има два базени и сопствениците автоматски се претплатени на клубот La Costa Beach.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДизајн: фрижидерот Kustom na Карим Рашид ја доби наградата Product Design на iF Design Award 2021 година.
Следна објаваПатувања: 6 најдобри дестинации за 2022
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ