Познатиот дизајнер Карим Рашид, во соработка со Haier, создаде нови фрижидери Kustom Frigerator …
Како и новите модели на Samsung Bespoke, овој дизајн функционира така што на своите сопственици им дава флексибилност при изборот на стилови. Исто така, новите модели доаѓаат со заменливи предни панели, кои ќе одговараат на различни стилови на ентериер.
Фрижидерот Kustom ги носи сите предности на конвенционалниот фрижидер со опции за прилагодување, како би се вклопил во личните барања и животен стил. Клиентите можат да изберат од широк спектар на материјали, вклучувајќи текстил, кожа, дрво и друго. Кога сакаат да го променат изгледот на својот фрижидер, тоа можат многу едноставно да го направат.
За овој дизајн, Карим Рашид беше инспириран од фактот дека повеќето фрижидери се многу банално дизајнирани со ограничени површински материјали, со рачки кои „излегуваат“ од неговиот дизајн.
Конечно, можеме да кажеме дека фрижидерот Kustom во неговата визија веќе ја доби наградата Product Design на iF Design Award 2021 година.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваРасположени сме за мода и тоа го споделуваме со други луѓе!
Следна објаваРомантичната вила на Мел Гибсон во Малибу се продава за 14,4 милиони долари
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ