Во Лос Анџелес, а посебно во Сан Фернандо, Кирстен Данст, го најде своето лично засолниште, бидејќи таму живее во последните неколку години.

Бидејќи значително го доживеа гламурот на публицитетот, таа сакала да најде средина во која мирот ќе игра доминантна улога и конечно успеала.

Тоа е импресивна вила која доминира во тивка населба и е претворена во врвна семејна средина. Всушност, дел од декорацијата на оваа вила се парчиња чија поранешна сопственичка била Џеки Кенеди. Станува збор за врати што се купени во Њујорк, а биле во сопственост на најпознатата прва дама во светот.

Врз основа на белите sидови и огромните прозорци кои служат за да пропуштат светлина, избран е модерен дрвен мебел, кој иако е нов, на целата куќа и дава “vintage” шик карактер. Во внатрешноста доминираат дрвени површини, плетени ткаенини на софите и креветите, камени sидови и импозантни уметнички дела.
Набљудувајќи ја внатрешноста, откриваме дека топлата и пријатна атмосфера зрачи во секој агол и им обезбедува мир на сопствениците секој пат кога ќе ја посетат вилата за време на викендите.

Садовите се од друго време – вели таа, и припаѓале на нејзината баба – импресивни, супер удобни фотељи, кожни елементи што даваат модерни ноти, растенија за дополнителни бои, модерни албуми и рачно изработени теписи се тоа што можете да видите во собите, а сето ова станува врвен извор на инспирација за љубителите на внатрешниот дизајн.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧизми со високи потпетици: дизајни кои ќе ја кренат вашата женственост на ново ниво
Следна објаваОткријте го моментално најпопуларниот рецепт на TikTok
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ