Како што температурата почнува да опаѓа, чизмите стануваат сe поважни во секојдневната облека.
Може да се комбинираат со сите парчиња облека од плакарот што можете да ги носите од утро до вечер, од канцеларија до вечерно излегување. Без разлика дали ќе одлучите да ги комбинирате со миди здолништа или со фустани и панталони, резултатот ќе биде уникатен.
Ако барате начини како да ја кренете женственоста до нови височини и да се претставите во облека што ќе ги привлече сите погледи, тогаш оваа сезона мора да имате пар чизми со високи потпетици.
Оваа есен и зима доминираат светли бои кои на вашата модна комбинација ќе и дадат стилска динамика и ја претвораат дури и наједноставната облека во исклучителен изглед.
Погледнете ги актуелните модели во галеријата со фотографии …