Викторија Бекам ја објави својата најнова колекција Resort 2022 на својот профил на Инстаграм, давајќи ни увид во тоа што да очекуваме.

Судејќи според воведната креација за која самата беше модел, не чекаат некои одлични креации, кои ќе ги обожуваме.

Модната дизајнерка, зрачи со елеганција во смарагдниот фустан со свилени прерамки. Позирајќи на барот, таа ни го покажа кројот со отворен грб, кој се шири во здолништето, паѓајќи до подот.

Потоа ни го покажа предниот дел од фустанот, кој елегантно ја следеше нејзината фигура, покажувајќи како овој модел може да се носи без градник.

Не можеме, а да не го избегнеме впечатокот дека оваа сензуална тоалета не потсетува на онаа која Кира Најтли ја носеше во филмот “Atonement”! 

НЕМА КОМЕНТАРИ