Велосипедизмот во затворен простор е една од најпопуларните форми на фитнес дома…Меѓутоа, ако немате просторија наменета за теретана, велосипедот дефинитивно ќе го наруши вашиот план за дизајн и декорација.
Но, сега на сцена доаѓа модел кој е дизајниран имајќи ја предвид формата и функцијата. Во партнерство со Адријано Дизајн, италијанскиот бренд Elite го создаде Fuoripista – интерактивен стационарен велосипед, кој остава впечаток на врвно парче мебел или скулптура.
Изработени од софистицирани материјали, како што е дрво од јасен, армирано стакло, алуминиум, челик и кожа, секој велосипед Fuoripista е рачно изработен за да не  потсетуава на современо уметничко дело повеќе од парче опрема за вежбање.
Сепак, не е наменет само за излагање, бидејќи ќе ви даде можност да ја подигнете вашата форма на сосема ново ниво.
Велосипедот има голем број функционални карактеристики и напредна технолошка опрема.Fuoripista може да ги следи вашите перформанси, да ви даде можност да се поврзете со целата заедница на вежбачи и многу повеќе. Покрај тоа, може да се поврзе со софтверот Мој Е-тренинг или која било друга платформа за возење велосипед, па слободно можеме да кажеме дека дефинитивно не ја жртвува својата функционалност заради естетската привлечност.
https://youtu.be/qtCypCKkeWo
СПОДЕЛИ
Претходна објаваНа модната ревијата на Долче Габана: Џенифер Лопез ги остави Ана Винтур и Моника Белучи во сенка
Следна објаваОваа есен: поминете незаборавен викенд во Соренто!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ