Многу важни настани се одржале на плоштадот Свети Марко во Венеција, но модна ревија никогаш. Доменико Долче и Стефано Габана, најпрепознатливите модни претставници на автентичната Италија, ја имаа оваа специјална можност во неделата вечерта.

Дуото D&G претстави луксузна колекција на висока мода, наменета само за специјални клиенти (поточно: најбогатите клиенти на куќата). Затоа не е изненадувачки што ја одбраа оваа спектакуларна локација, која исто така е одговорна за целокупниот “wow”  ефект што го остави.

Сепак, специјалните гости се одговорни и за ефектот што го одзема здивот: Хелен Мирен, Моника Белучи, Кити Спенсер, Џенифер Лопез, Дажнуари Џонес и други.

Дамите од кои се очекуваше многу повеќе, како што е долгогодишната муза на брендот – Моника Белучи, и „вистинската“ модна кралица Ана Винтур, разочараа со својот стилски избор.

Џеј Ло убедливо го украде шоуто со тоа што се појави како што и доликува на кралица: со круна на главата и раскошна наметка на рамената.

НЕМА КОМЕНТАРИ