Како основен есенски класик, издвојуваме блејзер со кој не може да згрешите!

Блејзер е парче што секоја жена дефинитивно треба да го има во својата гардероба. Без разлика дали сте спортски тип или сакате елеганција, женската форма на сако не знае за тренд и секогаш може да се вклопи во која било стилска насока и модна деценија.

Големите модели беа вистински бум во последните неколку сезони, што ни оди во прилог, бидејќи таквото парче облека е доволно ексцентрично и шик за секоја жена да ја придружува во модерна комбинација на облека.

Парчињата од кожа се есенски хит, а не помалку се примамливи и кроп-кратките ретро модели на кои се враќаме овој септември.

Опциите се безбројни, од микс со лесни слип фустани, фармерки и бела кошула, ремени и макси здолниште со фалти, или едноставно блејзер кој го носите како тотален изглед.

Денес, црпиме инспирација директно од улиците на данската престолнина и ги предлагаме најдобрите примери како да го „зачините“ вашиот септемвриски стил со блејзер!

НЕМА КОМЕНТАРИ