Гледајќи ја оваа прекрасна куќа, гледаме дека сите простори – ентериерот и екстериерот – зрачат со луксуз кој станува „едно“ со природната убавина и околина …

Во почетокот, првиот елемент што не импресионира не е ништо друго освен надворешната средина, која добила нов „живот“ и се претворила во екстремна, ултра летна идилична средина, идеална за моменти на бескрајна релаксација за целото семејство.

Тропската естетика, со високи палми и длабоко сина боја на морето во позадина, делува како „платно“ за другите додадени елементи и простори на живеење кои великодушно нудат чувство на мир.

 

Што се однесува до внатрешноста на куќата, продолжува слична филозофија.

Главниот акцент во дизајнот на куќата се смелите тонови кои се избрани да дадат модерна димензија. Навистина е импресивно колку убаво се „врзуваат“ за зеленилото на природата.

Особено, црната е онаа која доминира од агол до агол, без значење дека просторите изгледаат помали отколку што се, бидејќи големите прозорци прават собите да бидат „преплавени“ со многу светлина.

 

Дополнителна димензија и осветленост се обезбедуваат со додавање набои и специјална декорација.

Златните елементи и внимателното вештачко осветлување создаваат луксузна атмосфера, додека подеднакво модерните нијанси – како сивата и белата – го прават крајниот резултат поинтересен.

Сепак, дрвените површини нудат безвременост во дизајнот и ја прават куќата да изгледа „потопло“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМинијатурни чанти: мини големина за макси изглед!
Следна објаваНајубаво пристаниште за јахти кое некогаш сме го виделе!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ