5 домашни растенија кои го прочистуваат воздухотСе чини дека темата за загадување на воздухот никогаш не била поактуелна, но за жал, тоа веќе не е нешто што се случува во друг дел од светот – проблемот е преселен и во нашата земја, а според сите претпоставки, тука е да остане.Важно е да ги имаме предвид сите начини на кои загадениот воздухот влијае врз нас, почнувајќи од стимулирање на лачењето на хормоните на стресот или менување на нашиот метаболизам, па се до сите ефекти што се манифестираат на нашата кожа. На долг рок, загадувањето влијае врз нашето целокупно здравје и тоа е очигледно.

Меѓутоа, загадувањето не се заканува само однадвор – воздухот во нашите домови може да се „загади“ и поради цигарите, како и сите испарувања додека чистиме, како  и употребата на разни препарати. Решението е прочистувач на воздух, но доколку сакате нешто поевтино и естетски на повисоко ниво, ви предлагаме да барате спас во растенијата за кои е докажано дека го прочистуваат воздухот, а во исто време ќе го разубават вашиот дом.

Змиски јазик

Ова многу убаво растение, со интерен и елегантен изглед ослободува кислород преку ноќ, што значи дека може да се најде во вашата спална соба. Не само што ќе биде корисно, туку и ќе го разубави просторот, па еве неколку идеи за размислување!

Алое вера

Овој, но и секој друг сукулент, одличен е за прочистување на воздухот, особено ако сакаме да се бориме против штетната хемикалија наречена бензен. Сукулентите лесно се одгледуваат и се трајни, што значи дека растенијата како ова се одличен избор за сите вас кои навистина не знаете како да го одгледувате зеленилото во вашите домови.

Пајак растение  (Chlorophytum comosum)

Уште едно растение кое лесно се одгледува и е одличен начин да внесете свежина и зеленило во вашиот дом. Покрај тоа, таканаречените пајакови растенија успешно се борат со формалдехид (соединение што се користи во градежните материјали и за производство на многу производи за домаќинството).

Женска среќа (Spathiphyllum)

Ако сакате зелени растенија без цветови, сосема е во ред да го збогатите просторот со нешто малку поинакво, а тоа е убавиот крин. Освен што е многу убав и декоративен, ќе ја води главната битка со влага и формирање на мувла.

Драцена

Постојат многу видови на драцена, така што нема да погрешите со која и да одберете. Можете да ја поставите насекаде во станот, но имајте на ум дека овие растенија можат да растат доста високо, така што ќе ви требаат малку повисоки тавани! Драцената помага да се елиминираат разни загадувачи од просторот, а во исто време изгледа весело и убаво.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛетна инспирација: Трендови на декорирање кујни во 2021 година
Следна објаваKорисни трикови за шминкање!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ