Се восхитувате на совршено уредените кујни?

Факт е дека можете сами да имате една од нив – многу трендови во украсувањето на кујни оваа година не бараат огромни буџети, а стилот е совршен пример за минимализам, односно лесно се реновираат. Ако сте подготвени да го подобрите изгледот на вашето омилено катче, подолу ќе откриете четири главни трендови кои ги гледаме на социјaлните мрежи за 2021 година.  

Игра на криење

Во еден период, сите бевме занесени по милион и една полица во кујната и воопшто во нашиот дом, веројатно со се е така генерално, сe додека не сфативме дека сите тие  ситници и не се толку практични. Затоа, трендовите во 2021 година не охрабруваат да играме на картата „помалку е повеќе“ и да го скриеме се што е вишок. Ова значи дека трендовите во кујната ќе изгледаат како сите елементи да се затворени, а што ќе се крие зад „чистите“, минималистички форми – само ние ќе знаеме!

Допир на луксуз
Минималистичкото, автоматски изгледа луксузно, меѓутоа, ако се уште ви недостасуваат малку детали, свртете се во насока на ребрести структури што му даваат на просторот длабочина, но и софистициран изглед. Ако вашата кујна е навистина украсена така што ништо не се истакнува, на овој начин ќе ја спречите можноста просторот да изгледа стерилен и здодевен.
Мермерот е во мода
Мермерните детали се веројатно најлесниот начин да го подигнете изгледот на вашата минималистичка кујна на повисоко ниво и да ја направите уште поелегантна. Меѓутоа, иако досега го вклучувавме мермерот во внатрешноста на кујната само во форма на работни површини, оваа година овој материјал зазема некои други позиции и изгледа прилично добро!
Како на црвениот тепих
Верувале или не, инспирација за украсување на кујната оваа година наоѓаме од “црвениот тепих”! Ова значи дека во кујните ќе доминираат рафинирани темни нијанси во комбинација со светли, неутрални – на пример, долните елементи може да бидат црни, а горните бели, со неодоливи златни детали.
Сепак, советот на дизајнерот не е да го следите слепо овој црно-бел пример, туку да ја замените црната со темно сива или темно сина,  а белата со некоја нијанса која ќе биде блиска до неа, но сепак малку „подлабока“.
Впрочем – важно е да има контраст!
СПОДЕЛИ
Претходна објаваТри пијалаци кои ќе ви го забрзаат варењето на храната
Следна објава5 домашни растенија кои го прочистуваат воздухот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ