‘Флоресцентистичка пролет’, (визија за свет погоден од КОВИД)

Меѓународната уметница Лида Шерафатманд формира уметнички колектив кој од 29 мај ќе одржи дигитална изложба на Инстаграм.
Флоресцентизичката пролет има за цел да ја претстави новата генерација уметници, потписници на уметничкиот Манифест за унапредување на Флоресцентичката филозофија, инициран од самата Лида. Како реакција против кризата предизвикана од пандемијата, уметничкиот колектив сака да прикаже нова визија и да се соочи со штетата предизвикана од пандемијата и да му се спротивстави на восхитот на современата уметничка сцена од насилството и песимизмот.
„Флоресцентизмот е користење на позитивна синергија при уметничкото креирање за општа корист. Оваа нова генерација уметници ги истражува експресиите на топлина, грижа и убавина. Филозофијата на нашиот Манифест ја отсликува вредноста на позитивност на една цела нова генерација. “ – изјавува Лида за раѓањето на ова уметничко движење познато како Флоресцентизам. Бидејќи пандемијата во моментов не дозволува собири на луѓе, флоресцентичкиот колектив ќе ја одржи својата прв изложба преку неколку дигитални настани на Инстаграм.
 
Со спротивставување на Ковид ерата преку уметност и самосвесност, колективот сака да понуди засолниште од лудиот свет и регенерација на човеково битие преку својата уметност. Со користење на знаењето од полето на невроестетиката, органските и природните елементи, уметниците даваат оптимистичка визија за иднината на уметноста и општеството во целост.
„Сметаме дека современата уметност прерасна во хаос од уништување и негативност. Со користење на новото флоресцентичко движење сакаме да го избалансираме хаосот со понапредни експресии на топлина и грижа.“ – вели Милко Нестороски, ко-автор на Манифестот.
 
Покрај изложбата, во убавата Струга, домаќин на најстариот меѓународен поетски фестивал, ќе биде отворено и ателје посветено на Флоресцентизмот кое ќе им овозможи на посетителите да учествуваат во работилници за медитација. Уметничката инспирација може да биде поттикната и преку набљудување на внатрешното јас и ова е всушност една од многуте идеи застапени во флоресцентичкиот Манифест. Серијата настани исто така ќе овозможи и дигитална средба помеѓу колективот и публиката.
Изложбата ќе биде отворена во живо на Инстаграм на 29 мај почнувајќи во 14ч и 30мин., проследена со работилници за медитација кои ќе се одржат на 3 и 4 јуни во 20 часот.
 
(За Флоресцентизмот)
Манифестот за Флоресцентизмот е напишан од меѓународната уметница Лида Шерафатманд и струшкиот уметник Милко Нестороски и потпишан од Санкт-Петербуршките сликарки: Наталиа Јурјева, Паола Диаз Силва и Станислава Малаховскаја.
 
▸ Лида Шерафатманд е уметник, поет и предавач. Родена во Иран, пораснала во време на војна, револуција и прогон, а подоцна и како бегалец, без државјанство и во сиромаштија. Токму поради сето ова таа чувствува одговорност да ја помогне својата средина со своите дела. Лида имала изложби во над 20 земји, меѓу кои 60 заеднички и 25 самостојни а две официјални поштенски марки ги носат нејзините слики: во Лихтенштајн и Кина. Едно од нејзините дела е на насловната страна на изданието на Магазинот за уметност и музеи за 2021 година a други две на кориците на книги од полето на меѓународните врски издадени од Cambridge University Press.

 

▸ Милко Нестороски е роден во Струга, Македонија. Уште од рана возраст изразува интерес за уметноста, особено за боите и формите на малите декоративни предмети. Благодарение на неговиот филозофски настроен карактер како и неговата љубопитност ќе пројави интерес за различни теми, меѓу кои и астрономијата, биологијата, математиката, дизајнот, литературата и танцот. Како тема на своите студии ја избира ликовната уметност преку која создава дела кои ги вткајуваат сите негови интереси во едно, дела со аналогна симболика и богат разнообразен поглед кон животот, над здодевните, секојдневни граници. Главниот мотив во неговите дела влечи корени од раното детство. Покрај сликарството, неговата идеја за искористување на остатоци од предмети ја носи употребата на readymades (пронајдени предмети) чекор понапред а тоа е создавање на смисла и убавина преку своите 3Д креации, особено преку неговата колекција на кукли-музи. Љубовта кон танцот во раната младост е вметната во неговиот уметнички израз, како визуелно така и практично, преку перформанси. Неговиот извонреден успех за време на студиите му носи стипендија за истите. По дипломирањето во 2018 година, започнува со одржување на самостојни изложби во неколку галерии низ Македонија. Во 2020 година неговиот дипломски труд го привлече вниманието на меѓународната уметница Лида Шерафатманд што резултираше со заедничка соработка на Манифестот на Флоресцентизмот.
 
▸ Паола Диаз Силва, родена во Русија, има 20 годишно професионално искуство во сликање масло на платно. Почувствувала тежок мрак во светот на пост-модерната уметност, која на моменти дури и физички и влијаел врз неа како уметник свесен за своето опкружување. Паола ги изгубила своите родители, нејзиниот татко, кога имала само 6 години а мајка ѝ, две години подоцна. По загубата на мајка си ветила дека ќе го искористи својот талент за подобрување и разубавување на светот. Ова е главната точка на соединување со Флоресцентизмот како концепт за „расцветување“ на општеството. Главната тема на сликите на Паола се ангелите, го повикуваат ангелот во нас да се разбуди. Исто така ја разработува темата на персонификација на дрвјата, како повик кон будење на нашата врска со природата и битијата.
Наталиа Јурјева , родена во Краснојарск, Русија. Во 2019 година дипломирала на Академскиот институт за сликање, скулптура и архитектура, именуван по И.Е. Репин. Претходно работела како експерт и дизајнер во Театарот за музика и комедија во Краснојарск. Наталиа користи различни техники и теми во кои ги комбинира реализмот и надреализмот. Активно учествува во изложби. Строго верува дека модерниот свет е состојба на нерамнотежа и бидејќи смета дека главната задача на ликовната уметност е да ја изнесе убавината на светот, Наталиа е поддржувач на флоресцентичкото движење. Вели: „ Ова движење ја поддржува идејата на создавање дела со цел фокусот да падне на убавото. Сето тоа води до внатрешна хармонија со останатиот свет.“
 
▸ Станислава Малаховскаја, родена во Санкт Петербург, внука на Нејтан Алтман, познат руски авангарден уметник. Дипломирала на Руската Академија на уметностите во Санкт Петербург. Станислава е еден од основачите на групата „Mama Nature“ која настапува на неконвенцијални места со цел да поттикне будење на врската со природата која модерниот начин на живот ја ослабел.

 ?Фотографии од денешното отварање на атељето во Струга

 

 

 

Извор: Официјална страна на Лиса Шерафатманд  

☛ Контакт:

 

Montieth & Co

Nadege Alezine

nalezine@montiethco.com

+447950590292

НЕМА КОМЕНТАРИ