Ако сте имале среќа да ги поминете деновите на изолација во вашиот двор, јасно ви е колку е важно тоа парче имот – за уживање, за релаксација и пред сè, за мир.

Без оглед на тоа што планираме да патуваме ова лето, штом се појави можноста, сепак ќе останат оние слободни моменти кои со задоволство ќе ги искористиме за да останеме дома, во дворот, како во „старите добри времиња“.

Можеби сте ја пропуштиле можноста минатата година и го занемаривте трендот на уредување кој владееше на социјалните мрежи, но еве ја можноста да го надоместите!

Подолу ви донесуваме едноставни и одлични идеи кои ќе го претворат вашиот двор во вистинска оаза.

Направете куќички за птици – не само што се декоративен аксесоар во дворот, посебно ако се со малку поинаков дизајн или во светли бои, туку тие навистина можат да им помогнат на малите посетители на вашиот двор.
Затоа, кога ќе ги поставите на посакуваното место, не заборавајте да оставите малку храна внатре.
Цвеќето е неопходна компонента во вашиот двор, а ако сте љубител на бои и шаренило – не штедете на тоа!

Користете интересни саксии …

Споменавме цвеќиња во саксии – саксиите се одличен начин да направите вашиот двор да изгледа весело и разиграно или модерно и софистицирано, во зависност од тоа кој стил го претпочитате. Помислете на нив како додатоци – вашиот двор нема да изгледа комплетен без овие детали!

Создате си своја бавча

Обликувајте го зеленилото

Размислете за надворешен бар

Дизајнирајте привлечено место за уживање

Додадете светилки

Направете фонтана

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGreen Ash Pantone: Свежа и нежна боја совршена за летото!
Следна објаваГалеријата Упевче – Оаза на уметноста во срцето на Охрид
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ