Инспирирани од пролетта, убавината и нејзиниот шарм, секогаш кога ќе ги почувствуваме првите сончеви зраци на кожата, мирисот на јоргованите во воздухот и ќе ја слушнеме песната на птиците, сакаме да ги свртиме нашите животи за 180 степени и да се посветиме самите на себе, само на оние работи кои ни носат среќа и радост …

Во овој период ги менуваме парфемите – ги менуваме зимските мириси со цитрусни; ги менуваме нашите навики – стануваме порано, будни сме подолго, сакајќи да го искористиме секој момент на убавиот сончев ден; ја менуваме гардеробата – фустани и лесни здолништа, ленени кошули и блејзери; ги менуваме нашите ентериери – ги исполнуваме со допири на природата кои се како опипливи потсетници за нејзината убавина, која чека да ја откриеме.

Секој од нас се труди да го разубави својот дом, да го направи свеж и удобен, на сите можни начини. Некои ќе се посветат на целосно реновирање, додека други со внимателно одбрани акценти и детали ќе сторат се за промената да ја направат стилска, наменска и величествена со внимателно избирање на акценти и детали.

Ако спаѓате во оваа втора група, совршената колекција за вас претстави брендот Диор. Новата колекција вклучува чајник, сад за супа и салата, како и други парчиња што ќе ги украсуваат вашите трпезариски маси со нивните зелени и бели акценти, и кои се создадени како дело на светски познати керамичар, Жан Рожер.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 супер стилски начини за комбинирање на костим за капење со летна облека
Следна објаваИнспирација: кошула-фустан за претстојното лето!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ