Tрадиционалната ликовна изложба “САМОУКИ 2021“, koja се одржува како дел од годишната програма за изложби на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, ги повикува сите неакадемски уметници од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор.

Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела. Рокот за пријавување трае до 31.05.2021 г. (понеделник – до 12 часот).

Изложбата ќе биде отворена на 10.06.2021 г. Информации на тел. 031 415099 (Роберт Цветковски, Зоран Арсовски и Миранда Фазлиу).

НЕМА КОМЕНТАРИ