И покрај фактот дека луѓето кои даваат несакани совети го прават тоа со најдобри намери, нивните обиди да им го олеснат животот на другите обично пропаѓаат. Под зраците на туѓата мудрост, не секој е подготвен да ја признае својата грешка и слабост. Несаканите совети често се доживуваат како лошо однесување и вид на манипулација. Па, тогаш зошто сакаме да дадеме толку многу совети и што навистина вреди да се каже гласно?

Уметноста на советување

Според француската психотерапевтка, Aurori Le Moin, за нас е многу полесно да советуваме член на семејство, пријател или колега отколку да бидеме строги кон себе и да се советуваме на ист начин. Прво, од нарцисоидни причини. Многу е пријатно да  чувствувате дека вашето мислење е важно за некого и дека сте еден вид референца (доверлива личност). Покрај тоа, кога дејствувате како советник, станувате психолошки посилни, што значи дека сте и потребни на другата страна.

Работите стануваат многу покомплицирани кога станува збор за барање совет. „Од една страна, мора да го прифатите фактот дека ви треба помош и според тоа, да ја признаете својата слабост … Денес, на малкумина им е лесно“, вели Aurora Le Moin.

Нашиот нервен систем е дизајниран така што можеме да бидеме објективни кон секого, но не и кон нас самите. Всушност, кога се консултираме со некого, туѓото мислење по малку не плаши. Не сме подготвени да ја чуеме вистината, каква и да е. Да, ние совршено ги анализираме проблемите на другите луѓе, ги гледаме изгледите за нивниот развој и можеме да го процениме степенот на нивниот напредок од сите страни. Но … што се однесува до нас, стануваме по-малку глуви.

Зошто не вреди давање совети?

Според техниката на НЛП (невролингвистичко програмирање), не постојат две лочности кои имаат потполно иста слика за светот во главата. А, тоа значи дека кога даваме совети, не можеме да бидеме објективни и да дадеме совет кој ќе биде 100% корисен за таа личност. Многу малку луѓе успеваат да бидат само активен слушател, да не осудуваат и да не го ставаат своето мислење и своето искуство како единствен модел и мерка за решавање на туѓ проблем.

Затоа, не треба да барате совет од секого. Тоа што е добро за вашиот пријател или сосед, може да биде целосно контраиндицирано за вас. Сметајте на туѓите совети  како алтернативни перспективи кои едноставно го прошируваат вашиот поглед на ситуацијата. На пример, тие можат да ви помогнат да ги разберете чувствата на вашиот пријател или партнер, а не само својата страна. Навистина добар советник ви дава храна за размислување, а по комуникацијата со него не се чувствувате скршени, туку напротив, се чувствувате подобро и го гледате решението.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРозовата кошула е клучно парче на пролетта!
Следна објаваБелите чорапи се клучен детал на модерниот стил оваа сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ