Кога помислувате на Монако, сигурно помислувате на најбогатите луѓе во светот, кои безгрижно возат покрај крајбрежјето во своите скапи кабриолети, облечени во уште поскапи часовници и облека, уживајќи во целата убавина што ја нуди животот…

Затоа, животот во Монако се чини дека е нешто сосема поразлично од постоењето во остатокот од светот – по дефиниција, тој е проткаен со луксуз, декаденција и раскош, а токму тоа го докажува новиот современ, модерен пентхаус Caffe Latte, што е совршена дефиниција за елеганција и гореспоменатиот луксуз, со додавање на функционалност и едноставност.

Овој простор е исполнет со неутрални и пријатни тонови, со цел да им обезбеди на своите сопственици удобност и хармонија преку минималистичка и уникатна естетика, која ќе ви послужи како чиста инспирација.

Пентхаусот се состои од простран влезен дел, убаво осветлена трпезарија и дневна соба, рафинирана кујна, луксузна главна спална соба, детска соба, извонредно опремена бања и канцеларија.

Во описот на проектот се вели: „Во денешните домови, модерните ентериери се удобни и гостопримливи, без да бидат пренатрупани и темни“.

НЕМА КОМЕНТАРИ