Жените од оваа исклучително елегантна земја се секогаш на врвот кога станува збор за ноншалантен шик стил …

Разговарајте со кој било која од нив за совети на францускиот стил, а тие веројатно ќе ви кажат дека за ова ниво, всушност е потребен одреден труд. 

Парискиот стил е нешто што е особено обожавано и сакано низ целиот свет. Покрај усвојувањето на нивниот релаксиран став кон облекувањето, постојат и одредени стилски трикови кои можете да ги примените за да внесете допир на нивната секојдневна елеганција, je ne sais quoi, во вашето секојдневие.

Многу е веројатно дека веќе знаете некои од главните француски модни „правила“ напамет. На пример, чешлањето на косата е посебна уникатност, исто како и штедење на основните парчиња облека, додека комбинациите на облека треба да дадат впечаток дека сте биле на луда забава претходната вечер. Французинките секогаш се забавуваат и го живеат животот во потполност, или барем така ни кажуваат нивните комбинации на облека, но постојат одредени нијанси и специфични фактори кои придонесуваат за нивниот спектакуларен изглед. Овој пат, ви откриваме десет главни правила кои ќе ви овозможат да го совладате целосно и лесно.

МАЈКА КАКО УЛТИМАТИВНА СТИЛСКА ИКОНА

И да, сосема е нормално – не, одлично – да се облекувате слично или дури и исто како и вашата мајка. Одличниот класичен стил и гардероба никогаш не исчезнуваат, па зошто да не ги носите сега и за четири децении? Лили Роуз Деп и Ванеса Паради се вистински пример за тоа.

ПОКАЖЕТЕ ГИ ВАШИТЕ НОЗЕ КАДЕ И ДА Е МОЖНО

Дури и кога врне, температурата оди далеку под нулата, Французинките знаат да носат кратки здолништа и панталони, а да изгледа беспрекорно.

НОСЕТЕ ГИ САМО ТИЕ ШТИКЛИ ВО КОИ МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ 

Ако налетате преку бетонот во високи потпетици како Бамби на мраз, време е да заборавите на нив. Французинките ќе ви објаснат дека нема ништо понепривлечно од глетката на жена која незграпно чекори. Наместо високи стилето, изберете мачја пета  или нешто слично. Дури и Карл Лагерфелд никогаш не креираше високи потпетици за Шанел – тоа кажува доволно, само за себе.

СОВРШЕН КРОЈ КАКО ОБАВЕЗЕН ДЕТАЉ

Ниту една Французинка не признава гардеробер во кој нема барем еден блејзер, кој совршено може да ја комплетира секоја комбинација на облека.

СУПТИЛНО НАГЛАСИТЕ ГО СТРУКОТ

Не, не мора да носите тесен и стегнат појас, но ноншалантно врзете појас околу половината, особено ако носите некои преголеми парчиња. Секоја комбинација на облека станува ултра женствена.

НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ ДА НОСИТЕ ОДВАЖНА ОБЛЕКА

Ако сакате да ја покажете својата личност со облека, не плашете се. Носете ги тие кожни панталони, кожен блејзер или мини здолниште и флертувајте со денот кој е пред вас.

СЕКОГАШ ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО КАПУТИ, МАНТИЛИ И ЈАКНИ

Од моторџиски јакни, преку тренч мантили, бомбер опции и блејзери, Французинките секогаш купуваат квалитетни горни опции. На крајот на краиштата, тие се првиот фактор на вашиот стил, секогаш кога ќе ги облечете.

АКО НОСИТЕ МОДНИ ДОДАТОЦИ, ОБЛЕКАТА НЕКА БИДЕ ЕДНОСТАВНА

Доколку вашата омилена чанта е во нијанса на циклама или флуоресцентно зелена, комбинирајте ја со неутрални аутфити, за да таа биде главниот детаљ.

НОСЕТЕ ЈА СВОЈАТА ОБЛЕКА КОГА САКАТЕ И КАДЕ СКАТЕ

Еспадрилите не се само за пешачење на плажа, исто како што комбат чизмите не се само за планинарење. Носете ги вашите омилени парчиња кога сакате, каде сакате и како сакате.

БИДЕТЕ НОНШАЛАНТНИ СЕКОГАШ

Ова е можеби најважното правило на францускиот стил – Французинките и жените кои ja совладале импресивната школа на стилот се секогаш ноншалантни, опуштени, полни со самодоверба и енергија. Токму заради тоа, се толку привлечни.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако се носи макси фустан ова лето!
Следна објаваMодерен пентхаус во Монако: совршена елеганција и луксуз!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ